Бразилски квалификант сензационално го елиминираше Медведев

209

Бразилскиот квалификант, Тиаго Сејбот Вајлд приреди големо изненадување денеска на продолжението од натпреварите од првото коло на Ролан Гарос. Тој во мечот од првото коло го победи со 3-2 во сетови рускиот тенисер Данил Медведев, моментно втор светски рекет.

Сејбот Вајлд, моментално е рангиран на 172-то место во светот, но тоа не му посмета да приреди вистинска сензација елиминирајќи еден од најголемите фаворити на турнирот. Бразилецот славеше со 7-6(5), 6-7(6), 2-6, 6-3, 6-4.

Иако Медведев никогаш во кариерата не се чувствувал удобно на земјена подлога, овој резултат е големо изненадување, особено што во најавата на Ролан Гарос, Медведев го освои АТП Мастерс турнирот во Рим.

ПретходноХоландски репрезентативец обвинет за шверц на 1,3 тони кокаин!?
СледноДамчевска го објави списокот на кадетките за ЕП 2023