Она што се најавуваше, впрочем и “Спортмедиа“ во неколку наврати пишуваше, засега најмалку шестмина фудбалели нема веќе да го носат дресот на Гостивар, клубот кој по пауза од речиси една деценија се врати во елитната лига.
Предмалку Гостивар ја потврди разделбата со Антонио Каланоски, Симе Христов, Дарко Стојанов, Гордијан Христовски, Вилдан Керим и Сухејб Рушити. Има најави дека ќе има уште заминувања од таборот на Гостивар, а секако дека во летниот преоден рок ќе има и повеќе нови имиња, барем такви се плановите.