Захариевски седнува на клупата на Воска!

2105

Срѓан Захариевски, тоа е името на новиот тренер на Воска кое ќе биде како големо изненадување како што најавивме.Имено нашите информации говорат дека има договор, дека остануваат само уште некои детали да се разрешат и да дебитантот во ПМФЛ и го промовира екс тренерот на Струга ТЛ, Пелистер, Металург…како нов шеф на струката.

Инаку дознаваме дека контактите на Воска и Захариевски веќе се од пред неколку денови.

Сега останува да ја дочекаме и промоцијата ако нешто во последен момент не се расипе договорот.

Како што е познато по успешниот мандат како тренер на Струга ТЛ, Захариевски е еден од нашите најбарани стратези во моментов во Македонија.

ПретходноЈошко Миленкоски: Уверен сум дека Македонија утре против Белгија ќе го даде максимумот!
СледноФранцуски репрезентативец побара да си замине од Баерн Минхен