Здравков: Мојсов, Џокиќ, Хаџановиќ и Кордоба не се веќе играчи на Брегалница!

2044

Брегалница по добрата пролетна полусезона веќе е на одмор, но одморот не важи за раководството на клубот и секако шефот на струката Горан Здравков.

Јасно е дека се прават планови за играчкиот кадар за следната сезона, кој си оди а кој евентуално би дошол.

Околу оваа тема побаравме изјава од стратегот Здравков:

Не е тајна дека Мојсов, Џокиќ, Хаџановиќ и Кордоба не се веќе фудбалери на Брегалница. Со нив е разговарано и тие, откако им завршија договорите, не се веќе дел од нашиот клуб. Исто така договорите им се истечени на Додев и Ѓорѓиев, и со нив е разговарано и јас се надевам дека тие двајца ќе останат во Штип. Тоа е засега што можам официјално да го кажам, а јасно е дека нашите планови се адекватно да се засилиме“ изјави за „Спортмедиа“ Горан Здравков.

ПретходноЈуниорките и кадетките добија селектори
СледноАлушовски еден од кандидатите за клупата на Охрид!