Филип Мишевски, капитенот на Македонија ЃП најмалку уште една сезона ќе го носи дресот на “лавовите“. Оваа вест и официјално беше потврдена од страна на раководството на победникот во Купот на Македонија.
Мишевски имаше одлична сезона, на 33 меча успеа да постигне дури 7 голови иако станува збор за класичен дефанзивец.
Пред два дена “лавовите“ се пофалија и дека младиот Филп Алексовски потпишал нов двогодишен договор.