Тимот на Ливерпул и официјално од денеска има нов спортски директор во името на германецот Јорг Шматке.
Искусниот, 59. годишен спортски работник последно беше дел од тимот на Волфсбург, каде што мина четири години, а претходно истата функција ја обавувал во Хановер, Келн и Алеманиа Ахен.
„Би сакал да му посакам добредојде на Јорг во Ливерпул, знаејќи дека тој ќе донесе богато знаење и искуство во улога во која овие квалитети можат само да му помогнат и нему и нам“, рече претседателот на клубот, Мајк Гордон .
„Јорг ќе работи со нашиот оддел за фудбалски операции, кој ќе продолжи да го поддржува Јирген Клоп во согласност со нашите тековни напори за развој на клубот во сите области“, додаде Гордон.