Езџјан Алиоски ја завршува својата мисија во дресот на Фенерабхче, неговата еднагодишна позајмица истече, па според најавите македонскиот репрезентативец би можел да се врати во Саудиска Арабија, поточно во тимот на Ал Ахли.
Овој тим се врати во елитното друштво, па со оглед на популарноста која ја има тамошниот шампионат, голем дел од европските ѕвезди во овој клуб планираат повторно да заиграат, а меѓу нив е Алиоски.
Ова значи дека тој ќе војува против Ал-Наср на Кристијано Роналдо, но нема да биде чудо ако во следната сезона во овој шампионат го видиме и Лионел Меси како дел од Ал Хилал. Последните информации за Аргентинецот велат дека добил неверојатно богата понуда.