Ништо од историскиот пресврт: Мајами го декласираше Бостон за финале (ВИДЕО)

516

Мајами е во финалето на НБА, откако го доби седмиот и решавачки натпревар против Бостон со 103-84. Селтикси имаа историска можност да станат првиот тим во историјата на НБА кој од 0-3 дошол до 4-3, но „жешките“ не дозволија.

Мајами сосема заслужено се пласираше во финалето каде ќе се обиде да ја освои четвртата титула (шампиони беа во 2006, 2012 и 2013), во финалето ќе игра против Денвер Нагетс на Никола Јокиќ, за кого ова ќе биде прво финале. Првиот натпревар од финалето ќе се игра ноќта од петок кон сабота.

Бостон немаше никакви шанси на овој меч и уште од самиот почеток беше јасно дека Хит ќе слават и ќе одат во големото финале. Моментот кој во голема мера го режираше првата минута кога најдобриот играч на Бостон, Џејсон Тејтум скокна на ногата на Гејб Винсент и го повреди зглобот.

Веднаш беше јасно дека повредата е сериозна и дека Тејтум нема да може да биде толку опасен како што беше во текот на целиот плеј-оф. Се бореше, се обидуваше, одигра 42 минути, но не беше тоа. Јасно беше дека игра во грч, дека болката е пресилна, а Тејтум не беше ни сенка на играчот на кој сме навикнати.

Во едно вакво сценарио се очекуваше Смарт и Браун да ја превземат одговорноста, но двајцата одиграа под своите можности. Првиот имаше само десет поени, додека вториот 19 поени, а до крајот на натпреварот имаше повеќе загубени топки од целиот тим на Хит.

Јунак на натпреварот беше Кејлеб Мартин, кој постигна 26 поени со сензационални шутеви за 11-16 (4-6 тројки) заедно со десет скока и три асистенции. Два поени повеќе од него имаше Џими Батлер, кој беше прогласен за МВП на финалето во Источната конференција.

Претходно„Бувовите“ се вратија во Чемпионшип со гол во 123 минута! (видео)
СледноТаткото на Меси ја прифатил понудатa за најголемиот договор во историјата!