Официјално: Горазд Михаилов уште две години во Силекс!

442

Силекс не менува нешто што е добро. Имено и официјално Горазд Михаилов најмалку уште две години ќе биде шеф на стручниот штаб на Силекс. Оваа вест ни беше потврдена од страна на кратовскиот прволигаш. Тој и Силекс потпишале нов двегодишен договор, со оглед на тоа дека досегашниот му истекува деновиве.

Инаку сите во Силекс се задоволни од работата на Михаилов во изминатите две години. Првата цел беше остварена во таа прва сезона, Силекс експресно да се врати во елитата, а втората беше да се пласира најмалку во средина на табелата во ПМФЛ. И тоа Михаилов и неговите момци и го надминаа, на крајот на сеозната која штотуку заврши тие се најдоа на 4.место и за малку не успеаја да изборат пласман во квалификациите во Лигата на Конференции.

ПретходноШкендија е во завршни преговори со Оргес Шехи, тренерот на Тирана!
СледноВлазрими во „аут“ Новаци и Осогово нови второлигаши