Како изминува времето, така се повеќе имиња влегуваат во комбинација за нов тренер на тимот на Наполи. По Луис Енрике, сега уште еден странец се споменува како можен наследник на Спалети кои денеска и потврди дека дефинитивно си заминува.
Се работи за португалелецот Серџо Консеисао, кому наводно Наполу му нуди шест милиони годишна плата.
Според Џанлука Ди Марцио, Консеикао моментално е фаворит за оваа функција, а како алтернативи се Винченцо Италијано и Тиаго Мота. Португалецот добро ја познава Серија А каде играше со Лацио, Парма и Интер. Веќе во летото 2021 година неговото име се поврзуваше со Наполи, но на крајот изборот падна на Спалети.