Смешки: Француски прволигаш на гостувањето заборави играч

258

Ајачио пред неколку седмици испадна од најсилната француска лига, а по последниот меч против Ленс им се случи ситуација која најдобро им ја опишува сезоната. По натпреварот си заминале без напаѓачот Бен-Хамед Туре.

Не се работи за некаква казна, туку 19-годишниот фудбалер се задржал во соблекувалната за да си ја собере облеката, а во меѓувреме неговите соиграчи си заминале со автобусот. Играчот на излегување од соблекувалната им објаснуваше на новинарите како екипата го заборавила и чека да се врати по него.

По неколку минути автобусот се вратил и Туре им се приклучил на соиграчите. Ајачио и Ленс се оддалечени 1300 километри.

ПретходноАлушовски еден од кандидатите за клупата на Охрид!
СледноТиквеш го потврди трансферот на Марко Мајиќ!