Спалети ќе се повлече од фудбалот на неодреден период!

176

Лучијано Спалети изјави дека е „уморен“ и потврди дека следната сезона нема да биде тренер на Наполи или на која било друга екипа.

„Треба да се одморам, се чувствувам уморен, треба малку да бидам далеку од фудбалот“, изјави Спалети.

Спалети годинава со Наполи го освои италијанското првенство, прва по 33 години за клуб од југот на Италија.

Претседателот и сопственик на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, во неделата навечер изјави дека Спалети побарал „една година одмор“.

„Му кажав на претседателот дека ја прекинувам оваа сезона, дека нема да го тренирам Наполи или кој било друг клуб“, додаде Спалети.

Спалети е во Наполи од 2021 година, а последен меч ќе му биде в недела во последното коло од Серија А против Сампдорија.

ПретходноЃоковиќ нема да биде казнет поради пораката за Косово!
СледноГолден Арт е младински првак, Стаменковиќ прогласен за МВП!