Француски репрезентативец побара да си замине од Баерн Минхен

263

Бекот на Баерн Минхен, Бенжамин Павар нема да го обнови договорот и ќе го напушти клубот уште ова лето, информираат германските медиуми. Францускиот репрезентативец го информирал раководството на клубот дека сака да си замине и побарал од раководството да биде продаден на друг клуб.

Павар игра во Баерн од 2019 година. Во Минхен дојде од Штутгарт, претходно играше за Лил.

За него има интерес од Барселона и неколку клубови од Англија.

ПретходноЗахариевски седнува на клупата на Воска!
СледноШкендија е во завршни преговори со Оргес Шехи, тренерот на Тирана!