Холандски репрезентативец обвинет за шверц на 1,3 тони кокаин!?

801

Холандскиот репрезентативец Квинси Промес, кој беше обвинет за препродажба на 1,3 тони кокаин вреден 75 милиони евра, доби кривична пријава.

„Авантурите“ на Квинси Промес со законот продолжуваат, откако беше уапсен бидејќи го нападна својот братучед со мачета на 14 декември 2020 година, а сега е обвинет за учество во шверц на кокаин.

Напаѓачот на Спартак Москва е обвинет од обвинителството за две серии од приближно 650 килограми и 713 килограми кокаин кои беа откриени во 2020 година во пристаништето Антверпен во еден контејнер.

Властите долго време го имале Промес под лупа поради вмешаност во синџир на криумчарење на дрога и учество во криминална организација. Поранешниот фудбалер на Ајакс и Севиља ќе сведочи следниот понеделник на 6 мај годинава и му се заканува долга затворска казна.

ПретходноГалатасарај по 23. пат е шампион на Турција, најсреќен е Дрис Мертенс
СледноБразилски квалификант сензационално го елиминираше Медведев