Цедевита Олимпија го запре Партизан и обезбеди „мајсторка“

219

Кошаркарите на Партизан загубија од Цедевита Олимпија со 95:83 во вториот натпревар од полуфиналето на плеј-офот во АБА лигата. На гостувањето во Љубљана во салата „Стожице“, белградските „црно-бели“ не успеаја со втора победа да го потврдат местото во големото финале.

Домашниот тим беше подобар во текот на целиот натпревар, одигра подобро во клучните моменти и на крајот сосема заслужено извојува победа за израмнување на серијата, која сега се сели со „мајсторка“ во Белград.

Најефикасен во победничкиот тим беше Џоги Ферел со 21 поен, 8 скока и 7 асистенции, а Зоран Драгиќ помогна со 12 поени. Кај Партизан Кевин Пантер постигна 24 поени со 8 скока, Данте Ексум додаде 16.

ПретходноАлкалоид ја заврши сезоната со ревијален меч: Тренери против играчи!
СледноСерџо Консеисао нов фаворит за клупата на Наполи