Јошко Миленкоски: Уверен сум дека Македонија утре против Белгија ќе го даде максимумот!

122

Нашата најдобра одбојкарска репрезентација е пред нов предизвик. Избраниците на селекторот Јошко Миленкоски, утре ги очекува натпревар против Белгиј, втор во Златна лига. Познато е дека Македонија на првиот меч од ова натпреварување беше поразена од Украина.

По повод утрешниот дуел со Белгија, денеска на прес свој коментар имаше токму Миленкоски:

Познато е дека Македонија за првпат игра во Златната лига и имаме против себе навистина квалитетни селекции, но и ние имаме квалитет. Во повеќе наврати беше истакнувано дека овие натпревари сите селекции ги користат како своевиден тренинг пред ЕП. Сепак Македонија ќе се бори на резултатски план да стори нешто повеќе, да дојдеме до победа. Јас сум уверен дека моите избраници утре против Белгија ќе го дадат својот максимум како би стигале до триумф. Мене ме радува тоа што ние на секој меч, на секој тренинг растеме како репрезентација. Од друга страна јасно е дека главно за нас е да ја достигнеме максималната форма токму пред ЕП на домашен терен“ посочи покрај другото нашиот селектор.

Македонија утре против Белгија во “Јане Сандански“ ќе ја дочека Белгија со почеток во 20:15 часот, а претходно, во 17:30 часот, нашата женска селекција ќе ги одмери силите против Летонија.

ПретходноБразил со шест дебитанти: Меѓу нив Жоеилтон од Њукасл и „Русинот“ Малком
СледноЗахариевски седнува на клупата на Воска!