Денеска се одлучува судбината на Јуве. Добра работа за гигантот е тоа што нема да им дополнително одземање бодови освен тие -10. Исто така Јуве ја признал вината пред обвинителството поради неправилно работење во делот на финансиите и исплаќање на платите за време на Ковид-19. Поради ова клубот добил казна од само 718.000 евра. Судот оваа спогодба меѓу обвинителството и Јуве го прифати, но сега на ред е и второто рочиште.
Интересно е тоа што вина не признал Андреа Ањели, па тој ќе го продолжи судскиот процес.
Инаку исто така се очекува во текот на денот или најдоцна утре, и УЕФА да се огласи во врска со тоа каква казна ќе добие клубот од Торино.
Се шпекулира дека таа ќе биде само едногодишна забрана за настав во фудбалска Европа, за да може следната сезона Јуве да се врати таму каде што му е местото.
Сепак за тоа допрва ќе се знае.