Управниот одбор на Ракометната Федерација на Македонија назначи селектори на младите женски ракометни селекции.
Па така Јулијана Дамчевска е одговорна за јуниорската национална селекција (до 19 години), додека Кристијан Грчевски е задолжен за кадетската национална селекција (до 17 години).
„Управниот Одбор на Ракометна Федерација на Македонија донесе Одлука за именување на тренер/селектор Јулијана Дамчевска одговорна за јуниорска национална селекција (W19) и тренер/селектор Кристијан Грчевски одговорен за кадетската национална селекција (W17).
Се закажува собир за пред – селекција на ден 04.06.2023 г.(недела), со почеток во 11 часот во Спортска Сала „Автокоманда“ за ракометарки генерација 2006/2007.“, соопштија од РФМ.