Дали Стевче Алушовски се враќа во мак – ракометот, и тоа како тренер на Охрид? Како што се шпекулира тој е еден од кандидатите за тренер на овој клуб, иако засега сеуште под договор е Горан Андоновски како стратег на охриѓани.
Сепак за кое решение ќе се одлучи раководството на клубот останува да се види. Познато е дека по завршувањето на играчката кариера, Алушовски беше тренер на Пелистер, потоа и на Вардар, за да потоа тренерската кариера ја продолжи на Исланд и тоа во тимот на Тор.