Бразил со шест дебитанти: Меѓу нив Жоеилтон од Њукасл и „Русинот“ Малком

934

Бразилскиот национален тим на својата веб-страница објави листа на играчи кои се повикани за пријателските натпревари со африканските селекции на Гвинеја на 17 јуни во Барселона и со Сенегал на 20 јуни во Лисабон.

На списокот на привремениот селектор Роман Менезес се најдоа шест дебитанти.

Напаѓачот Малком е на списокот. Тоа е момче кое е родено во Сао Пауло, играше за Бордо, Барселона, а сега е во Зенит од Санкт Петербург. Тој има руско државјанство со тоа и право на настап за Русија, меѓутоа сепак ќе добие шанса да заигра за најсилната селекција на Бразил. Тој го сврте вниманието со своите 26 гола во руската Премиер лига сезонава.
До сега настапувал за младите селекции на „Селесао“.

Дебитанти се уште дефанзивците Нино од Флуминензе, Аиртон Лукас од Фламенго, Вандерсон од Монако, потоа играчите од средниот ред Андре од Флуминензе и Жоелинтон од Њукасл.

Седум играчи се од домашното првенство.

Изоставени се Антони и Фред двајцата од Манчестер Јунајтед, Нејмар од ПСЖ, Габриел Жесус од Арсенал, Рафиња од Барселона, Габриел Мартинели од Арсенал, Роберто Фирмино од Ливерпул.

СПИСОКОТ НА БРАЗИЛ
Голмани: Алисон, Едерсон, Вевертон

Одбрана: Маркињос, Данило, Едер Милитао, Алес Телес, Роџер Ибањез, Нино, Аиртон Лукас, Вандерсон

Среден ред: Касемиро, Лукас Пакета, Бруно Гимараеш, Рафаел Веига, Жоелинтон, Андре

Напад: Ришарлисон, Винисиус, Родриго, Педро, Рони, Малком

ПретходноЈуве ја призна вината, доби казна од 718.000 евра, УЕФА допрва ќе каже дали гигантот ќе игра во Европа!
СледноЈошко Миленкоски: Уверен сум дека Македонија утре против Белгија ќе го даде максимумот!