Германија е првиот финалист на У17 шампионатот

70

На тековниот У17 европски фудбалски шампионат кој се одржува во Унгарија го имаме првиот финалист. Тоа е репрезентацијата на Германија која што во полуфиналето беше подобра од Полска со конечни 5:3.

Иако полјаците поведоа, сепак Германија се покажа како сериозно квалитетен противник и на секој погодок на противникот реагираше со свој. Конечно при резултат 3:3, „Панцирите“ внесоа во „брзина“ повеќе и со два гола во серија обезбедија пласман во големото финале.

Второто полуфинале се игра вечерва од 20:00 часот, а се среќаваат, Шпанија и Франција.

 

ПретходноАС: Бензема има нов клуб и 400 милиони евра плата за две години
СледноМуамед Сејдини со честитка за Струга Т.Љ. и Македонија Ѓ.П. Претседателот на ФФМ упати порака и за новите членови на Прва и Втора МФЛ