Де Хеа ќе остане, но неговата клупа ќе биде реалност според зборовите на Тен Хаг!

464

Екипата на Манчестер Јунајтед во следната сезона ќе биде во многу изменет состав, а се ќе тргне од самиот голман.

Тренерот, Ерик Тен Хаг зборуваше за иднината на првиот голман на Манчестер Јунајтед, Давид Де Хеа и истакна дека таа има една огромна мана. Станува збор за тоа дека работата на нозете му е многу лоша и е голем проблем, но и дека покажа одреден напредок.

Тен Хаг потврди дека Де Хеа ќе остане во Манчестер Јунајтед, но и дека не може да му гарантира минутажа.

„Де Хеа ќе остане, но не можам да кажам дека секогаш ќе биде главен кандидат за улогата на прв голман на тимот“, изјави Тен Хаг и продолжи:

„Тоа го велам затоа што во клуб како Манчестер Јунајтед секогаш ви е потребна конкуренција, на сите позиции, вклучувајќи го и голманот. Работата на нозете не е само мој каприц, тоа е она што го бара модерниот врвен фудбал. Ако ги гледате најголемите тимови, можете да видите дека знаат да играат во одбрана и да го користат својот голман како дополнителен играч во одбраната. Инаку, лесно е противниците да вршат притисок врз вашиот тим. Де Хеа мораше да се подобри во тој сегмент, но покажа подобрување.”

Де Хеа дојде во Манчестер Јунајтед пред повеќе од 10 години, поточно во 2011 година од Атлетико Мадрид.

ПретходноПивариќ стави крај на кариерата: Не можам повеќе, имав три тешки повреди на ист датум
СледноГостивар ја потврди разделбата со шестмина фудбалери!