Мајами Хит го победи Бостон Селтикс со 103-84 на гости во источното финале, спречи историски колапс. Откако поведе со 3:0 во серијата, билет за финалето во НБА-лига завери со конечни 4:3, а таму го чека Денвер.
Џими Батлер постигна 28 поени и ја доби наградата за МВП на финалето на Источната конференција Лери Бирд.
Батлер е познат по својата храброст, борбеност и бестрашност на теренот, а неговите изјави и однесување низ серијата покажуваат дека никогаш не се плашел дека нема да ја добие серијата против Бостон. Затоа може да се каже дека во целата серија најмногу го исплаши бумбарот кој долета на неговата прес-конференција по синоќешниот натпревар.
Прес-конференцијата штотуку завршуваше, Батлер го довршуваше одговорот на последното прашање, а потоа наеднаш се „сецна“.
„О, боже, дали го видовте ова? Проклет бумбар“, искоментира Батлер за инсектот кој очигледно залутал во салата во Бостон. Се собра и го заврши својот одговор, а потоа погледна назад да види дали бумбарот сè уште му се заканува.
“Oh my god. Y’all saw that? God damn bumblebee.”
– Jimmy Butler. 😂😂
(h/t @ohnohedidnt24)
— Hoop Central (@TheHoopCentral) May 30, 2023