Украина со нов проблем пред дуелот со Македонија!

768

Противникот на македонската фудбалска репрезентација во квалификациски натпревари за ЕВРО 2024, Украина, се соочува со проблеми пред самиот стартот.

Покрај ѕвездата на Арсенал, Олександер Зинченко, остана и без првиот напаѓач Роман Јаремчук. Фудбалерот на белгиски Бриж поради повреда ќе ги пропушти првите мечеви од евро-квалификациите, неговото место ќе му припадне на 4-годишниот Назариј Русин, кој настапува за Зарја. Неизвесен е настапот и на Витали Миколенко, фудбалерот на англискиот премиерлигаш Евертон.

Македонија ќе ја пречека Украина на 16. јуни во Скопје, додека три дена подоцна е гостин на Англија на „Олд Трафорд“. На овие две средби дефинитивно во составот на нашиот најдобар национален тим нема да биде Бојан Миовски, кој се повреди.

Селекторот Боби Милевски списокот ќе го објави во четврток.

ПретходноПогледнете како бестрашниот Џими Батлер реагираше на натрапникот на пресот (ВИДЕО)
СледноВуков: „Лекцијата Монако“ е научена, одиме понатаму!