Бензема ја прифаќа понудата од С. Арабија вредна 400 милиони евра, тоа го знае и Реал Мадрид!

864

Кога не можеш да купиш нешто со пари, тогаш тоа можеш да го сториш со многу пари. Тоа е девизата на С. Арабија. Имено Карим Бензема ја прифаќа понудата од 400 милиони евра од тамошната Федерација. Оваа сума тој ќе ја добие за две години и тоа нето, ослободена од секаков данок. Плус тоа ќе има баснословни бонуси, а може да бира во кој клуб ќе игра или потпише. Негова задача е да биде и амбасадор на таа земја во пресрет на СП 2030 година за кое и С. Арабија сака да биде домаќин.

Интересно е тоа што, како што најавува познатиот новинар Фабрицио Романо, Бензема веќе имал разговори со неговиот сегашен клуб Реал Мадрид, потврдил дека има мега – понуда и дека истата ќе ја прифати.

Се знае дека “кралевите“ од овој трансфер нема да добијат ништо, ако се знае дека за неколку дена на Бензема му истекува договорот.

ПретходноЛегендарниот Андре Маринер замина во пензија
СледноСедлоски си заминува од Влазнија!