Војдан со апел пред дуелот со Пелистер: Ги повикувам навивачите да дојдат во што поголем број!

175

МЗТ Скопје и Пелистер денеска (19 часот) во СЦ „Јане Сандански“ го играат вториот финален натпревар во серијата „подобар во три“. Актуелниот македонски првак на првата средба одигра доминантно, од втората четвртина до последната минута фати ритам, кој за противникот беше тежок да се следи.

Домашниот тим денеска пред своите навивачи ќе има шанса да направи чекор напред кон одбрана на титулата, која доколку ја освои ќе биде јубилејна (десетта). На другата страна Марјан Илиевски и неговите момци ќе мора да покажат многу повеќе доколку сакаат да се наметнат како сериозен претедент за тронот.

Еден од најдобрите кошаркари во редовите на МЗТ Скопје, Војдан Стојановски, ја пренесува атмосферата и размислувањата на соиграчите пред стартот на мечот. Сите имаа една желба, на трибините да видат што поголем број на симпатизери на МЗТ Скопје.

„Пред нас е исклучително важен меч за двете екипи. Со победа ќе дојдеме на чекор до посакуваната цел, поради што ќе сториме сѐ за да ја повториме играта од неделната пресметка, која убедливо ја добивме. Ако го испочитуваме договореното, како во напад така и во одбрана и ако одиграме борбено и пожртвувано, тогаш сигурен сум дека ќе се радуваме на крајот заедно со нашите навивачи и симпатизери, кои очекувам и овој пат да дојдат во голем број и да ни ја дадат и тоа како потребната помош од трибините“, изјави Војдан Стојановски.

Мечот меѓу МЗТ Скопје и Пелистер нема да биде директно пренесуван на МРТ поради настапот двете одбојкарски репрезентации денеска. Но, истиот може да го гледате на следниот линк.

ПретходноФинале – ЛЕ: Севиља VS Рома, шпанскиот атак или „автобусот“ на Жозе!?
СледноФранцуската минстерка за спорт со опомена за Ѓоковиќ: Никогаш да не се повтори!