МЗТ Скопје ја доби и втората пресметка против Пелистер, славеше со 75-67 и се најде на чекор до нова титулата. Доколку на следната средба во Битола, кошаркарите на тимот од Аеодром дојдат до победа ќе го подигнат шампионскиот пехар.
Сем почетокот, односно првите неколку минути, мечот мина во знакот на бранителот на титулата, кој претежно имаше двоцифрена предност. Во самиот финиш, битолчани се разбудија, но не искористија неколку шанси.
Војдан Стојановски со 23 поени беше лидер кај победникот, 15 имаше Абуд, додека по 12 запишаа Андоновски и Кефи. На другата страна Маслинко имаше дабл-дабл од 16 поени и 10 скока, еден поен помалку запиша Карпентер.
Битолчани имаа добар вовед на мечот, со седумте поени на Маслинко поведоа со 0-7 после само минута и пол. МЗТ Скопје имаше одговор, на средината на првата четвртина поведе со 10-9, а подоцна со серија од 10-0, предводен од Војдан Стојановски ги запиша првите двоцифрени 23-13. По истекот на десетата минута беше 25-17.
Бранителот на титулата фати ритам, џокерот Андоновски постигна важни поени на истекот на првата и почетокот на втората четвртина. МЗТ Скопје без проблем ја одржуваше двоцифрената предност, највисоката беше пред одморот (42-27). Гостите не паднаа, се собраа, ги искористија грешките на противникот и на стартот на третата четвртина со серија од 6-0 намалија на 44-37.
Првите четири минути од последниот период му припаднаа на домаќинот дојде на плус 14 (68-54). Илиевски се обиде со поагресивна одбрана и удвојување да го врати Пелистер во мечот. Битолчани се разбудија, и дојдоа на 69-63.
Андоновски на момент ја прекина агонија за 71-63, веќе предноста на МЗТ Скопје беше чувствителна, па токму затоа грешките се редеа. По последните 71-65, и битолчани влегоа во таква серија, не искористија три напади за целосно враќање во дуелот. Војдан со тројка казни и зголеми на 74-65 и потврди дека ова ќе биде втора победа за неговиот тим во финалето.
Војдан со тројка на момент го врати двоцифреното водство (49-38), па 52-40 во 25 минута. Не се промени нешто премноги во овој период, МЗТ Скопје чекореше многу подобро, па во решавачките десет минути влезе со резултат 62-50.