Миовски за Спортмедиа: Како изгледаше пројдов супер…на 10 јули почнувам со тренинзи во Абердин

420

Кога ќе се спомене островскиот фудбал, секому прво што му паѓа напамет е секако се жестоките дуели, силните стартови и бескомпромисната борба. Тоа е во ред се до моментот, кога ќе се мине границата на спортскиот дух, компетитивноста и кога ќе се случи сериозна повреда.

Сите се сеќаваме на оној погубен старт на Мартин Тејлор врз хрватскиот бразилец Едуардо своевремено, кога само способноста на клупските лекари на Арсенал блискоска на специјализираната болница и погодената смена на еден од најдобрите доктори за скршеници не само што направија наѓачот да не остане буквално инвалид туку и да продолжи да игра фудбал. Тие слики на сите нас фудбалските фанови ни се врежани во главите и ни се повторија при стартот на младинскиот репрезентативец на Англија Тиери Смол врз нашиот Бојан Миовски на дуелот Абедин – Сент Мирен. Смол почетнички доцнеше во стартот, и го покоси нашиот репрезентативец како „душман“.

Миовски остана да лежи, лекарите бргу го изнесоа на носилки и со нетрпение очекувавме информација што точно се случува. За голема среќа повредата на Миовски излезе дека не е сериозна и тој наскоро ќе се врати на терен. Сепак, останува моментот како е можно професионален фудбалер така неспортски да реагира.

„Искрено сеуште не можам да разберам како може така сериозен играч, иако млад, но англиски репрезентативец да реагира така. Само среќата ме спаси од потешка повреда. Во првиот момент навистина и јас помислив на најлошото. Сепак, прегледите покажаа дека немам скрешница, а и она што е оштетено самото тело ќе го рехабилитира и дека нема потреба ниту од оперативен зафат“ – ни вели Бојан Миовски специјално за Спортмедиа, па додава.

„Од една страна не ми е сеедно што ете така добра сезона за мене заврши на ваков начин, а од друга страна пак сум среќен што ете таква ситуација за мене завршува на најдобриот можен начин. Без лоша повреда„ – ни вели Миовски од родниот Штип каде што ќе го лекува настраданиот скочен зглоб.

Кам бек далеку побргу од очекуваното

„Би требало да бидам фит до 10. јули и да почнам со тренинзи со екипата. Криво ми е и што ова се случува кога треба да бидам дел од репрезетацијата. Играме сериозно важни мечеви против Украина и Англија. За Англија да не говорам колку ми е тешко што не можам да помогнам. Сепак, сигурен сум дека и без мене момците и селекторот Благоја Милевски ќе најдат начин како да го изненадат фаворит. Верувам во нив, и во успешен старт на квалификациите“ – ни рече Миовски.

ПретходноОдбојкарките загубија од Летонија, но беа на чекор до освојување прв европски сет
СледноДивац: Ако некој го заслужува прстенот – тоа е Јокиќ!