Прилеп го потпиша Томче Трајчевски од Радовиш!

225

Екипата на Прилеп во плеј-аут лигата заврши на третото место на табелата. Раководството на клубот не се препушти на одмор, туку веднаш почна со градење на тимот за следната сезона.

Денеска и официјално е промовирано новото засилување. Станува збор за пикерот Томче Трајчевски, кој доаѓа од Радовиш и потпиша двегодишна соработка.

Прилепчани најавија дека во овој момент преговараат со неколку засилувања со кои ќе се затвори ростерот за новата сезона.

ПретходноФК Вардар: Ова беше една од најтешките, но и најдрагите сезони во историјата на клубот!
СледноВардар 1961 го официјализираше 22-годишниот Стефан Петриќ!