Како што известуваат медиумите во Албанија, Гоце Седлоски по се изгледа дека нема наредната сезона да ја води екипата на Влазнија. Да потсетиме дека македонскиот стратег ја однесе оваа екипа во фудбалска Европа, но во клубот сметале дека тој сепак не бил идеалното решение за тренер на Влазнија.
Се разбира ова се само шпекулации со оглед на тоа дека Седлоски има договор и за наредната сезона, но и клаузула во него дека по завршување на сезоната и двете страни може да го раскинат истиот ако некоја страна изрази желба за таков нешто.