Дали Жозе Мурињо вечерва ќе го направи оној потег како во 2010 во Мадрид, кога послен освојувањето на пехарот во ЛШ со Интер си замина од Милано и се пресели во Реал Мадрид?
Како што известуваат медиумите во Италија, ова е можно, и можно е вечерва во финалето во ЛЕ во Будимпешта, тој за последен пат да ја води својата Рома. Се разбира ако е така, тогаш “специјалниот“ ќе стори се со пехар да се прости од клубот од Рим. Тоа ќе му биде негов втор европски трофеј со “волчицата“ и вкупно шести во кариерата.
Познато е дека тој поради суспензија нема да ја води Рома на последниот меч од Серија А.
Деновиве истакна дека не знае каде ќе ја продолжи кариерата, дека фокусот му е само вечерашното финале, но тоа е Мурињо.
Секоја чест за Рома, но Португалецот сака да се врати во “големото друштво“ и затоа сега го поврзуваат со ПСЖ, како една од опциите која ја има.