По возбудилата и турбилентна сезона во Втората лига и пласманот во ПМФЛ, Вардар направи една мини-анализа на сите направени чекори до крајната цел. „Црвено-црните“ сезоната која измина ја опишаа како една од најтешките во историјата на клубот, секако главна причина за ова е финансискиот дел, поточно капиталот со кој располагаше клубот, но и најдрагите, бидејќи се врати во „елитата“.
Има најава за подобри денови, одморот пред стартот на подготовките за настапот во ПМФЛ ќе биде искористен за решавање на проблемите.