Ѓорѓиев: Победивме силна екипа, за следните мечеви мораме ментално да созрееме

205

Македонија ја совлада Белгија, а еден од најдобрите наши одбојкари Никола Ѓорѓиев порача дека е совладан одличен тим но најави и добра игра и триумф на следниот меч, со Хрватска.

Белгија има одличен тим, со одлични скокачи, предводени од одличен стратег но успеавме да издржиме. Вакви натпревари порано ги губевме, но сега победивме и тоа можам да кажам дека е тежина на нашата игра. Среќен сум поради победата, реков дека ќе одиме на втора победа во сабота и со две победи да ја завршиме неделата па зошто да не, може да почнеме да сонуваме за Фајнал фор“, изјави Ѓорѓиев.

За следниот меч со Хрватска:

За следните мечеви треба ментално да созрееме во смисол да не дивееме кога ќе почнеме да губиме. Знам дека никој не сака да изгуби, меѓутоа треба бидеме трпеливи, да не се критикуваме, да не дивееме. Мораме да играме смирени, да размислуваме како. Треба да бидеме свесни за нашите предности и мани. Сигурен сум дека под раководство на Миленковски ќе работиме да ги средиме тие работи и добро да се подготвиме за следниот меч.

Да кажам дека не сме фаворити против Хрватска. Прифаќаме дека можеме да ги победиме, прифаќаме дека играме добро, дека нема да се исплашиме и се надевам дека ќе победиме“, заврши Ѓорѓиев.

ПретходноПрва победа во Златната лига: Белгија падна во Скопје, следна е Хрватска
СледноМиленковски: Сакам да го одржиме ова високо ниво и на следните мечеви