Фудбалскиот репрезентативец на Србија, Душан Влаховиќ е често на мета на критичарите поради слабите настапи за Јувентус. „Старата дама“ плати огромна сума за српскиот напаѓач, а тој постигна 14 голови во 42 натпревари, а имаше и многу проблеми со повреди.
Како што јавува српски „Телеграф“ од неколку европски великани Баерн испратил понуда. На „Баварците“ им треба класичен напаѓач по заминувањето на Роберт Левандовски со оглед на тоа дека Ерик Максим-Чупо Мотинг не е напаѓачот каков што му треба на германскиот шампион.
Наводно, тренерот Томас Тухел лично разговарал со Влаховиќ, Баерн дури спремил 50 милиони евра за него, но Јувентус ја одбил таа понуда. Сепак, преговорите се продолжени.