Кога не можеш да купиш нешто со пари, тогаш тоа можеш да го сториш со многу пари. Тоа е девизата на С. Арабија. Имено Карим Бензема ја прифаќа понудата од 400 милиони евра од тамошната Федерација. Оваа сума тој ќе ја добие за две години и тоа нето, ослободена од секаков данок. Плус тоа ќе има баснословни бонуси, а може да бира во кој клуб ќе игра или потпише. Негова задача е да биде и амбасадор на таа земја во пресрет на СП 2030 година за кое и С. Арабија сака да биде домаќин.
Интересно е тоа што, како што најавува познатиот новинар Фабрицио Романо, Бензема веќе имал разговори со неговиот сегашен клуб Реал Мадрид, потврдил дека има мега – понуда и дека истата ќе ја прифати.
Се знае дека “кралевите“ од овој трансфер нема да добијат ништо, ако се знае дека за неколку дена на Бензема му истекува договорот.