Вардар 1961 го официјализираше 22-годишниот Стефан Петриќ!

624

Екипата на Вардар 1961 потврди Стефан Петриќ е ново засилување за следната сезона. Талентираниот српски лев бек (22) во следните две сезони ќе биде член „црвено-црните“.

„Повеќекратниот првак на Македонија и актуелен освојувач на Купот, донесе засилување кое во иднина треба да биде еден од играчите со кои почнува освежувањето на тимот и создавање на екипа која ќе настапува в година.

Петриќ доаѓа е екипата на Партизан каде досега настапуваше и ова ќе биде негово прво интернационално искуство. Тој е дел од младинската репрезентација на Србија и настапуваше и на СП за играчи до 19 години што беше во Македонија. Наскоро ќе следуваат и нови засилувања и потврда на играчите што ќе настапуваат во иднина во Вардар. Наскоро ќе следуваат и нови засилувања и потврда на играчите што ќе настапуваат во иднина во Вардар“, се вели на официјалната страница на Вардар. 

Петриќ е син на поранешниот играч на Вардар, Владимир Петриќ кој во својата кариера ја заврши токму во дресот на „црвено-црните“.

До сега како потврдени заминувања се Филип Талески и Куни Моралес, се очекува трансфер да направи Дејан Манасков, како и Бразилецот Дутра, под знак прашалник е Мартин Томовски, кој со своите квалитети дефинитивно треба да продолжи надвор, бидејќи во следната сезона Вардар ако не ги мине квалификациите ќе игра само домашно првенство. Местото во СЕХА-лига му припадна на Алкалоид.

ПретходноПрилеп го потпиша Томче Трајчевски од Радовиш!
СледноВМФЛ: И официјално познати сите 16 екипи за следната 2023/24 сезона, има и некогашен шампион!