ВМФЛ: И официјално познати сите 16 екипи за следната 2023/24 сезона, има и некогашен шампион!

4475

Откако вчера со ждрепка беа утврдени последните два патника за Втората лига, сега и дефинитивно се знаат сите 16 екипи во ВМФЛ за следната 2023/24 сезона.

Можеби ова друштво нема да биде така атрактивно како во последните две години, но сепак и тоа како звучни имиња, има и некогашен двоен првак на Македонија, а тоа е Победа Прилеп.

Ова се екипите кои во наредната сезона ќе се борат за тие први две места кои водат директно во ПМФЛ, и за третото кое води во баражот:

Скопје, Победа, Пелистер, Детонит, Беса, Охрид, Арсими, Кожув, Беласица, Караорман, Каменица Саса, Тетекс, Вардар Неготино, Башкими, Новаци и Осогово.

ПретходноВардар 1961 го официјализираше 22-годишниот Стефан Петриќ!
СледноЛегендата се врати во Баерн Минхен!