Финале – ЛЕ: Севиља VS Рома, шпанскиот атак или „автобусот“ на Жозе!?

184

Вечерва од 21 часот на стадионот „Пушкаш“ во Будимпешта се игра финалето во Лигата на Европа. Севиља против Рома, Мендилибар против Мурињо, најпосле…шпанскиот атак против „автобусот“ на Мурињо.

Се очекува спектакуларно финале и со право. Како може некое финале во фудбалска Европа да биде неинтересно ако е тука човекот кој е специјалист за вакви мечеви.Португалецот досега има пет трофеи во своите пет финалиња. Со Порто го освои Купот на УЕФА и ЛШ, со Интер дојде до пехарот во ЛШ, со Манчестер Јунајтед до ЛЕ, со Рома лани во ЛК и сега одново е блиску до трофејот во ЛЕ. Импресивен скор, нема што.

Португалецот ужива во вакви ситуации, сака да биде во центарот на вниманието, само на Рома да и го донесе и вториот пехар за две години. И јасно е дека ќе игра со “автобус паркиран“ пред својот шенснаесетник.

Од другата страна е Севиља, клубот кој е специјалист во ова натпреварување со многу освоени трофеи.

Ќе биде неизвесно, ќе се бие битка во секој случај, но може математиките да ги поремети еден ран гол, и тогаш не важат однапред смислените тактики, тогаш ќе гледаме спектакл на теренот.

Image

Севиља или Рим, кој град вечерва ќе радува, чии фанови вечерва некаде нешто пред полноќ ќе бидат во еуфорија?

Севиља или Рим вечерва ќе “гори“?

Будимпешта вечерва е центарот на фудбалски свет, на велелепната „Пушкаш“ Арена ќе го добиеме победникот на годинашата сезона во Лигата на Европа.

Image

ПретходноСара Ристовска стана најдобриот стрелец во историјата на ЦСКА Москва!
СледноВојдан со апел пред дуелот со Пелистер: Ги повикувам навивачите да дојдат во што поголем број!