Потегот на Новак Ѓоковиќ и пораката што ја напиша пред камерата по победата над американскиот тенисер Александар Ковачевиќ во првото коло на Ролан Гарос и натаму е главна тема.
Текстот „Косово е срцето на Србија, престанете со насилството“ со денови се зборува во различни делови на светот, а последната личност во низата луѓе што се огласи е француската министерка за спорт, Амели Удеа-Кастера. Иако Србинот не доби казна од Ролан Гарос и неговата порака е против конфликти, министерката истакна дека овој потег е несоодветен за голем турнир, како и дека мора да има принцип на неутралност на терените.
„Кога се работи за одбраната на човековите права и за пораки кои ги зближуваат општите вредности, еден спортист е слободен да каже што сака и да испрати порака. Но, пораката што ја испрати Ѓоковиќ беше милитантна и многу политичка. Тоа не смее да го повтори, изјави француската министерка.
🔴🗣 “Il ne faut pas que ça se reproduise”
Amélie Oudéa-Castéra tacle Novak Djokovic après son message politique sur le Kosovo à #RolandGarros . #Les4V @AOC1978 pic.twitter.com/ZcKqDmLVF0
— Telematin (@telematin) May 31, 2023
Ѓоковиќ денеска во втората рунда ќе се сретне со Мартон Фучович (Унгарија).