Откако летово си замина од тимот на Македонија ЃП, екс македонскиот младински репрезентативец Арби Воша се пресели на Чаир и во иднина ќе настапува за тимот на Шкупи.
Предмалку чаирчани ја официјализираа оваа најава и преку социјалните мрежи го промовираа Воша за нов нивен член.
Напаѓачот се сели во клуб кој летово прави сериозно реконструкција на тимот откако не успеа да ја обрани шампионската титула освоена лани, и која следната ПМФЛ сезона ќе се обиде повторно да избоминира.
Летово Шкупи секако ќе се обиде и да направи сериозен европски исчекор односно да мине некоку кола во квалификациите за КЛ.