Она што се наговестуваше подолго време сега доби и официјализација. Лионел Меси летово си заминува од ПСЖ, клубот каде што настапуваше последните сезони, а тоа го потврди тренерот на клубот Кристоф Галтие со своја изјава.
„ Во сабота ќе биде последниот натпревар на Меси на Паркот на принцовите“, – рече Галтие.
Договорот на Аргентинецот со Парижаните истекува на 30 јуни и нема да биде обновен. Меси по две години минати во француската престолнина ќе го напушти ПСЖ.
На табелата има понуди од Барселона, Саудиски Ал Хилал, како и американскиот Интер Мајами.