Ете и тоа го има во фудбалот. Да добиеш и тоа какви пари само за да си одиш од клубот. Тоа го дочека Хари Мегваер, “киксерот“ на Манчестер Јунајтед и дефанзивецот на репрезентацијата на Англија.
Ерик тен Хаг сака по секоја цена да го тргне фамозниот Хари, но овој е под договор. И затоа сега Хари доби понуда од раководството на Јунајтед вредна 10 милиони фунти само да си оди од клубот од “Олд Трафорд“.
Инаку Мегваер во Јунајтед дојде од Лестер во 2019 година за рекордни 80 милиони фунти.