ФК Академија Пандев ќе се преименува во Брера Струмица, амбициите се излез во Европа!

4698

И дефинитивно е јасно дека ФК Академија Пандев како што ние ја познаваме веќе нема да постои. Клубот ќе се преименува во Брера Струмица, откако Брера Холдинг го откупи акциите на берзата, 90 отсто за околу 600.000 евра.

Од Брера Струмица истакнуваат дека имаат големи амбиции со клубот. Ребрендирањето ќе се случи многу брзо, а тие сакаат во овој летен преоден рок да ангажираат неколку играчи, да се создаде тим кој ќе има амбиции за излез во Европа. Не кријат дека парите се во настапите во Европа и дека тие треба да се “нападнат“.

Истакнуваат дека за нив клубот од Струмица е стратешка инвестиција од која очекуваат многу.

Ова го кажа Серџо Скалпели, извршниот директор на Брера Холдинг за www.marketscreener во текот на вчерашниот ден.

ПретходноМендилибар: Кога дојдов, Севиља имаше тешки моменти, сега сме на врвот!
СледноЕден и единствен: Еве што направи Жозе со сребрениот медал! (ФОТО+ВИДЕО)