Непријатни вести имаше за јавноста селекторот Благоја Милевски во врска со здравствената состојба на нашиот репрезентативец Дарко Чурлинов.
Имено напаѓачот на новиот премиерлигаш Барнли, имал сепса и затоа е хоспитализиран во Клиничкиот центар во Белград.
Според Милевски сеуште не се знае што навистина се случува со Чурлинов, ниту доктирите имаат јасен одговор. Останува надежта дека Дарко, а се разбира дека тоа е желба на сите нас, да оздрави што побргу и да се врати во репрезентацијата.