А како и не би бил кога е убедливо најплодниот играч со најмногу постигнати голови, со асистенции со улога во тимот која ретко кој наш интернационалец ја имал во странски клуб.
Дориан Бабунски ја има сезоната на својата кариера, и најмнгоу благодарение на него, Дебрецин има европско лето, а се надева секако и на европска есен.
Напаѓачот постигна 13 гола во домашниот унгарски шампионат, плус додаде и неколку погодоци во купот. Секако, ниту асистенциите не му се непознаница, па нормално е што пехарот за ТОП играч во клубот му е доделен токму него.
Летово Дориан Бабунски со сигурност ќе има понуди да ја промени средината, а и Дебрецин ќе сака добро да заработи, а понуди како што Спортмедиа дознава воопшто нема да недостасува.