Лука Модриќ во недела ќе го одигра својот последен меч за Реал Мадрид. Имено, барем според утринските информации од Мадрид, тој ја прифатил понудата на клуб од С. Арабија вредна 120 милиони евра за три години, значи по сезона би добивал по 40 милиони. Се разбира тоа се многу пари, но воедно смешна сума ако се споредува она што Кристијано Роналдо го добива по сезона (200 милиони), и она што му се нуди на Бензема (200 милиони) и Меси (600 милиони).
Се информира и тоа дека Хрватот веќе им кажал на луѓето во Реал Мадрид дека има намера да ја прифати понудата од С. Арабија.
Инаку на Лука деновиве му истекува договорот и тој ќе си замине од “Бернабеу“ како слободен играч.