Марко Асенсио го избра ПСЖ пред Астон Вила

245

Според пишувањето на денешниот број на „АС“, Марко Асенсио ќе го засили тимот на ПСЖ. Досегашниот играч на Реал Мадрид по долги години минати на Сантијаго Бернабе реши да си замине од таму и да заигра за друг клуб.

Па така, и покрај официјалната понуда од Астион Вила и можноста да заигра во Премиер лигата според „АС“ Асенсио ќе се одлучи да биде дел од новиот ешалон звезди на ПСЖ каде што очигледно дека работите не одат како што треба.

Арсенал и Милан исто така се поврзуваат како можни дестинации за шпанскиот репрезентативец, но тешко дека би можеле да ја израмнат финансиската пинуда на Париз.

ПретходноДориан Бабунски е играч на годината во Дебрецин
СледноБосанецот Бркиќ на голот на ГРК Охрид