Жозе Мурињо синоќа во своето шест европско финале дојде до првиот пораз. Тој со Рома не успеа да слави во завршниот меч од ЛЕ против Севиља. Неговиот тим беше поразен по пенал – серијата. Дека не му беше сеедно, напротив, на Португалецот се виде во неколку наврати посебно кога тој го навредуваше судијата Ентони Тејлор, а „епизодата“ продолжи на паркингот кога судиите влегуваа во мини – бусот.
Мурињо дојде до мини – бусот и му викна на судијата:
„Секоја чест, ти еб*н срам“.
По мечот за медиумите Португалецот истакна:
“Реков дека ќе си заминеме со пехарот или ќе бидеме `мртви`. Е, па, `мртви` сме. Тоа е поради фактот дека загубивме и тоа поради дискутабилните судиските одлуки. Судијата како да беше Шпанец, ете такво судење имавме. Да, загубивме, но не го загубивме достоинството. Победив на претходните пет финалиња, ова е прво што го загубив, но се враќам дома горд како никогаш досега“.
Што се однесува до тоа што и како понатаму, тој изјави:
„Во понеделник одам на одмор. Јас сум сериозен човек. Им реков на газдите на Рома дека ако има понуда и контакти со други клубови тие први ќе знаат. Ќе видиме што ќе донесе иднината. Засега има договор со Рома на уште една година и тоа е тоа“.
𝗠𝗼𝘂𝗿𝗶𝗻𝗵𝗼: “𝗦𝗲𝗶 𝘂𝗻𝗮 𝗳*****𝗮 𝗱𝗶𝘀𝗴𝗿𝗮𝘇𝗶𝗮‼️”
L’allenatore della Roma urla tutta la sua rabbia in faccia all’arbitro Taylor🤬 Mentre Rosetti, designatore UEFA, cerca di calmarlo
📹 @GianluVisco #ASRoma #Mourinho #EuropaLeagueFinal #Sportitalia pic.twitter.com/3TxOZAEol0
— Sportitalia (@tvdellosport) May 31, 2023