Новак Ѓоковиќ синоќа со триумфот над Фусчович од 3:0 во сетови, успеа да се пласира во 3.коло на Ролан Гарос. Сепак по мечот на пресот тој меч беше во втор план, имено најмногиу се гоцореше за неговата порака – Косово е срцето на Србија, по првиот меч, по која се дигна голема прашина. Имаше закани и од француските власти дека такво нешто не смее да се повтори.
„Не ми пречи тоа што го кажав, би го кажал повторно. Ги имате мои изјави. Свесен сум дека со тоа многумина не се сложуваат, но тоа е тоа, јас стојам зад она што го направив. Како да нема некој гренслем турнир без драми, по се изгледа дека тоа ме `прогонува`“ рече покрај другото Србинот.