Од понеделник, 5. јуни започнува продажбата на билети за дуелот Македонија – Украина

527

Во понеделник, 5. јуни, ќе започне продажбата на билети за натпреварот на Македонија – Украина (16. јуни, 20:45) на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје од квалификациите за ЕП 2024.

Цената на влезница за натпреварот изнесува од 300 и 400 денари.

Продажбата на билети за натпреварот Македонија – Украина ќе се организира исклучиво преку продажната мрежа на MKTickets со физичко присуство на купувачите.

Едно лице може да купи најмногу четири (4) билети. Задолжителна е влезница за натпреварот и за деца, без оглед на нивната возраст.

МАКЕДОНИЈА – УКРАИНА (Национална арена „Тодор Проески“, 16. Јуни, 20:45 часот)

Цени на билети:

Северна Трибина

Блок 13, 14, 18, 19, 20, 21, 23 и 24      300 денари

Јужна Трибина

Блок 1, 2, 5 и 6                                     300 денари

Блок 3 и 4                                             400 денари

Билетарата на Националната арена „Тодор Проески“ ќе биде отворена на 14-ти, 15-ти јуни и на денот на натпреварот, 16-ти јуни од 10:00 часот.

Продажни места:

Скопје:

• ЛитератураМК – City Mall

• ЛитератураМК – East Gate

• ЛитератураМК – Веро Центар

• Литература – ТЦ Буњаковец

• Литература МК  – ул. Македонија

• Југотон ГТЦ 1

• ЈК Травел – ТЦ Бисер

• Макпетрол – Козле

• Макпетрол  – Илинденска

• Макпетрол – Влае

Велес:

• Унисон

Прилеп:

• ТА Бран

Куманово:

• Тобако Агора

Тетово:

• Тобако Монако

• Гранд Тобако

Гостивар:

• Тобако Вона 5

Охрид:

• ТА Вис Пој

Битола:

• Литерара МК

• Tobacco Brothers

Струмица:

• Литература МК

• ТА Сафари

Радовиш:

• ТА Халкидики

Ги повикуваме сите љубители на фудбалот и поддржувачи на македонската репрезентација со фер и коректно навивање да им помогнат на „Рисовите“ да дојдат до многу важна победа од квалификациите за Европското првенство 2024.

 

 

ПретходноСелекторот со свој коментар зошто повик добил Алексовски, а не добил голманот на шампионот Ќосевски!
СледноДориан Бабунски е играч на годината во Дебрецин